Македонија порта за индиските производи кон Европа

Bez autora
Jan 18 2015

Индиските компании и инвеститори преку Македонија полесно ќе дојдат до европскиот пазар. Ова беше истакнато на бизнис-форумот во индискиот градот Џајпур, на кој владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски ги презентираше можностите и поволностите за водење бизнис во земјава. Сопственикот на синџирот компании „Солемн“, Сјам Тандон, кој поседува повеќе бизниси од индустријата со метали и прехранбената индустрија даде позитивна оценка за можностите кои ги нуди Македонија за странските инвеститори. Даночната политика и олеснувањата, како и отвореноста кон странските инвеститори се добра можност за индиските компании и инвеститори да се поврзат и да ја искористат можноста Македонија да биде порта на инвеститорите. Индија се отвори за американскиот пазар минатата година и мислам дека треба тоа да го направиме и со Европа, а Македонија е вистинската порта за тоа, изјави Тандон.

Македонија порта за индиските производи кон ЕвропаИндиските компании и инвеститори преку Македонија полесно ќе дојдат до европскиот пазар. Ова беше истакнато на бизнис-форумот во индискиот градот Џајпур, на кој владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски ги презентираше можностите и поволностите за водење бизнис во земјава.

Сопственикот на синџирот компании „Солемн“, Сјам Тандон, кој поседува повеќе бизниси од индустријата со метали и прехранбената индустрија даде позитивна оценка за можностите кои ги нуди Македонија за странските инвеститори. „Даночната политика и олеснувањата, како и отвореноста кон странските инвеститори се добра можност за индиските компании и инвеститори да се поврзат и да ја искористат можноста Македонија да биде порта на инвеститорите. Индија се отвори за американскиот пазар минатата година и мислам дека треба тоа да го направиме и со Европа, а Македонија е вистинската порта за тоа“, изјави Тандон.

Премиерот Груевски истакна дека Владата е фокусирана кон реализација на мерки за унапредување на економијата и кон овозможувањето на добра бизнис-клима.„Она што е важно за Македонија е тоа што поседува стабилна макроекономска ситуација, и инфлацијата е ниска, и поседува стабилна валута, што е предност и сигурност за компаниите и оние кои сакаат да вложуваат. А државата има и договори за слободна трговија со сите држави во Европа, освен Русија со која дискутираме да се финализира. Тоа значи дека се' што е произведено во Македонија може да биде извезено во тие држави без плаќање царински давачки. Тоа е голема предност, особено што Македонија е мал пазар при што со овие договори го надминуваме овој проблем и компаниите имаат пристап до 660 милиони потрошувачи“, изјави Груевски. Како потенцијал за инвестирање, Гревски ги посочи и туристичките зони.

Министерот за привлекување странски инвестиции, Џери Наумоф, пак истакна дека индиските компании треба да ја посетат нашата земја и да се уверат во добрите услови за водење бизнис.

„Може да се вложува во повеќе сфери, а една од нив е туризмот. Неодамна Њујорк Тајмс селектираше 52 туристички места во светот кои треба да се посетат во 2015 година, а Македонија е на 10 место. Реномираниот Лонли планет посочи дека Македонија е една од топ-десетте земји кои треба да се посетат во 2014, што се два добри показатели за потенцијалите за развој и инвестирање во сферата на туризмот“ изјави Наумоф.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik